Мико ја понесе Македонија со себе на границата меѓу САД и Мексико

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, својата колекција со фотографии со македонски обележја ја надополни со шал со натпис „Македонија“ на англиски јазик, на кој е аплицирано и македонското знаме со сонцето од Кутлеш.



„Ја понесов Македонија со себе на почетокот на Аризона Трејл! Овде на јужниот почеток на патеката, границата меѓу Соединетите Држави и Мексико“, напиша Мико во својата објава на Твитер.