Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, јавно го прозва албанскиот претседател Илир Мета за тоа што на средбата со тетовскиот градоначалник Билал Касами на масата беше присутно само знамето на Албанија, а не и македонското.



„Оптиката овде – само едно знаме, на Албанија, вашата значка на реверот, немањето таква кај Билал – испраќа сигнал, сеедно дали имате таква намера или не, за Голема Албанија. Можеби е вредно следниот пат вашите луѓе за пиар да размислат за ова. Освен ако, се разбира, не ја поддржувате Голема Албанија“, (не)дипломатски му се обрати Мико на Мета преку Твитер.