Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, преку својот профил на Твитер испрати порака до Грците во врска со Македонците и Преспански договор.

„Се надевам дека нашите грчки пријатели сфаќаат оти дури и овој договор да помине и евентуално да биде спроведен огромното мнозинство Македонци во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и низ светот ќе продолжат да велат Македонија, Македонец, македонски јазик итн. Засекогаш“, реагира Мико на насловот „Заев сака да ги потисне грчките грижи за договорот за името“ во грчкиот весник „Катимерини“.





