И покрај негирањето од Никола Димитров, поранешниот македонски почесен конзул Џејсон Мико е уверен дека министерот за надворешни работи наскоро ќе ги напушти и функцијата, и државата.
„А можеби тој ја кажува вистината, барем еднаш. Но, останува фактот: Димитров ќе ја напушти својата позиција и ќе си замине од Македонија во блиска иднина по нова и профитабилна кариера со неговите западни елитистички пријатели, со оглед на тоа дека нема ништо заедничко со повеќето Македонци“, напиша на Твитер бившиот почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, како реакција на негирањето на Димитров дека планира да ја напушти Македонија и да му се приклучи на институтот „Брукингс“ од Вашингтон.






