Поранешниот почесен македонски конзул во САД, Џејсон Мико, реагира за констатацијата од бившиот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, дека востоличувањето на Талат Џафери во прв Албанец премиер на Македонија е „симбол на напредокот“.
„Ова е, во суштина, шовинистичка и малолетничка изјава на Петрит за #Македонија. Тој вели дека политиката не е важна, само етничката припадност. Ако ова е ‘симболично за напредокот’, тогаш и кога Косово ќе има српски премиер, тоа исто така ќе биде ‘симболично за напредокот’“, коментира застапникот на македонските национални интереси во Тусон, Аризона, под објавата на Селими на Твитер: „Северна Македонија избра премиер од албанската заедница Талат Џафери, за прв пат во својата историја. Тоа ќе биде краток мандат, но сепак симбол на напредок за нашите соседи. Лош вкус од советниците на Курти во Косово и сојузниците во Македонија, кои даваат омаловажувачки коментари за Џафери“.






