Ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, од куќен притвор предмалку беше спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје за изрекување на пресудата за случајот Таргет-Тврдина.



Сместен во полициско комбе, кое беше придружувано од полициски возила тој излезе позади судската зграда, а оттаму преку споредниот влез во судот, придружуван со поголем број полицајци.

Поранешниот директор на УБК, кој иако три дена беше недостапен, денеска, сепак, во Македонија ќе ја чуе пресудата за „Таргет-Тврдина“, за разлика од Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои за одлуката на судот ќе дознаат додека се наоѓаат стотици километри јужно од границата, односно во Грција каде што побегнаа за да избегнат притвор, но и веќе добија азил, јави дописничката на МИА од Атина.

На екс- началникот на Петтата управа Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошкоски кон средината на јули 2017 година им беше одредена мерка притвор во предметот „Таргет-Тврдина“, но откако полицијата не успеа да ги пронајде на 26 јули, беше распишана и потерница.

„Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“ се делата за кои се бараше Грујевски додека Бошкоски за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“…