Мијалков сепак излегува од притвор

Како што одлучи за „Трезор“ пред неколку дена, така и овојпат за „Плацеви на Водно“, Апелациониот суд Скопје му ја укина одлуката за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков.



Во случајот „Трезор“, каде што Мијалков првостепено е осуден на 8 години затвор, прифатена е понудена гаранција од 11,1 милион евра во движен и недвижен имот. Таа уште е на сила. Затоа, велат од Апелација за САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска со новата одлука за притворот не се спомнува гаранција, бидејќи судот веќе ја прифатил за другиот предмет.

Треба само хипотеката на имотот да се впише во Катастар и Мијалков излегува на слобода. Со оглед на тоа дека одбраната тврдеше дека хипотеката е веднаш впишана, а нивниот клиент и покрај тоа, беше поклопен со друга одлука за притвор дента кога беше ослободен, значи тој може да излезе уште веднаш.