Мијалков ослободен од обвинението за нечовечко однесување кон Љубе Бошковски

Скипскиот кривичен суд го ослободи од обвинение екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, првообвинет за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечкото апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.



Атанот се случи еден ден по парламњ тарбите избори на 6 јуни 2011 година кога Бошковски беше уапсен пред скопска кафеана со огромна сума пари.

На обвинителна клупа во изминативе 50-тина рочишта седеа Мијалков и шест припадници на сега поранешната полициска единица „Алфа“ поради начинот на кој е изведено апсењето пред ресторанот „Воденица“.

Процесот траеше од март 2018 година.

Ослободувањето на Мијалков се случува откако јавноста слушна наводи дека обвинителката Вилма Русковска договарала апсење на лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски кое требало да го снима телевизијата на осудениот Боки 13.