Мијалков и официјално исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

„Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалков на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“.



Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ која на  предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој заседаваше синоќа, денеска и официјално го исклучи Сашо Мијалков од партијата.