Наместо за злоупотреба на службената положба, обвинителот Трајче Пеливанов побара обвинетите за случајот „Трезор“,во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да се судат за пречекорување на службените овластувања.
Според новото кривично дело, казната затвор е од 6 месеци до 3 години, што е помалку од претходното кривично дело за кое беше пропишана можеше да затворска казна од 6 месеци до 5 години.
„Трезор“ е единствениот останат предмет за кој му се суди на Мијалков и се однесува на начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија.







