Мијалков бара смена на Мицкоски и не исклучува враќање во политиката

Контраверзниот екс шеф на УБК а сега бизнисмен Сашо Мијалков не ја исклучува можноста повторно да се активира на јавната политичка сцена.



Преку интервју за порталот плусинфо.мк во кое го критикува и бара смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски екс шефот на УБК запрашан дали повторно ќе се ангажира политички вели дека не знае што ќе донесе иднината.

На прашањето “Дали планирате да се активирате и да се вратите во политиката” Мијалков вели:

“Не планирам да се активирам во политиката но никогаш не знаеме што носи иднината. Како и да е, не можам да го премолчам ова што и го прават на ВМРО-ДПМНЕ”.

Покрај Мијалков деновиве во жестокиот напад врз лидерот на опозицијата се вклучија и други поранешни партиски функционери како Даниела Рангелова, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и осумтемина членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на уставното име.

Вчера со критики за актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се јави и екс министерот за внатрешни работи Никола Попоски.

Ниту Мијалков, ниту Рангелова ниту Попоски, Јанчев или осумтемина во изминатиот период не го критикувале Зоран Заев или СДСМ со што го предизвикаа гневот на голем број партиски членови кои ги обвинуваат дека работат спротивно на интересите на партијата.

Целото интервју на Мијалков на следниот ЛИНК