Михајловски: Заев и Анѓушев да ги преземат административците на Манчевски

Новинарот Горан Михајловски во својата најнова колумна “Сакам да речам” предлага приватните форми на премиерот Заев и вицепремиерот Заев први да го спроведат планот на министерот за јавна администрација.



Дамјан Манчевски по 30 месеци на власт на актуелната влада неделава предложи вишокот административци да се префрла во приватниот сектор.

“Најпригодно ќе биде оваа реформа да почне да се спроведува прво во фирмите на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Министерот Дамјан Манчевски ќе им спреми договори за преземање работници со трите главни пакети. Сосе анекс на договорот дека работникот самостојно ќе одлучи дали ќе мора да доаѓа на работа, или ќе му се плаќаат придонеси за зголемената плата за да не доаѓа на работа”, пишува Михајловски.

Целата колумна во која се критикува и ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој ја дочека одлуката на Бундестагот на следниот линк