(…)



„Австрискиот министер Шаленберг, кој сега ни се закани со изолација, пред помалку од два месеца, кон крајот на мај, на една конференција во Братислава за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан рече дека „треба да сме луди да им дозволиме на други земји да влезат таму“.

Зборувајќи дека историјата ги научила оти нестабилноста на Југоисточна Европа значи и нестабилност на Средна Европа, тој рече:

Или ќе успееме да го извеземе и забетонираме засекогаш нашиот модел на живот, или ќе бидеме соочени со други модели на живот, кинески, турски, руски, какви било, но тоа нема да ни се допадне“.

Е па, не ѝ го оставајте регионот на Кина, Русија и Турција. На Бугарија оставете ѝ го. Еве, Румен Радев нека се бави со регионот, пишува новинартот Горан Михајловсѝки во редовната колумна „СакамДаКажам“.

Знаете што е извртено во целава оваа глупоштија што ѝ ја наметна Бугарија на цела ЕУ, а нашава власт понизно ја прифати спакувана како француски предлог?

Тоа што дојдовме до дереџе заканите да ни доаѓаат од пријателите и сојузниците. Не ни се заканија тие што не ни се сојузници и тие за кои пријателите ни викаат дека ни се непријатели.

Синким досега сме биле интегрирани, па отсега ќе бидеме изолирани.

Не може да постои закана за изолација, кога ние онака сме изолирани 30 години баш поради ваквото однесување на ЕУ.

Ние со ништо не сме заслужиле да бидеме казнети…“ вели Михајловски.