По скандалозната информација дека продолжува практиката на некои пратеници да наплаќаат десетици илјади евра на име патни трошоци и тоа за период од само 6 месеци, на оригинален начин и во негов стил изреагира и актерот Јовица Михајловски:



„Влегуваш во партија, лепиш плакати… јадеш сендвичи и стануваш пратеник. После одиш на благајна и си земаш ковертче со патни трошоци ииии 10 илјади евра. Одиш пак и пак 10 илјади евра“, вели Михајловски во видеоото споделено на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/jmihajlovski/videos/10216440843394639/