(…)
„Од кога вам во ЕУ ви е гајле како се чувствувам и на кој мајчин јазик зборувам? Нели тоа, да се чувствувам како сакам, е основната вредност што вие во ЕУ ја негувате?
Тогаш, што е антиевропско кога ќе кажам дека Европската унија ги крши европските вредности по паметот на Бугарија? Што е антиевропско ако кажеш дека земја на ЕУ се изживува врз мал сосед со наметнување на барањето – откажи се од себеси за можеби некој пат да влезеш во заедницата? – пишпува новинарот Горан Михајловски во редовната колумна „СакамДаКажам“
„Па чекајте малку, извинете, ама Бугарија нас секојдневно нè заплашува. Бугарија кон нас настапува непријателски. Ни се заканува земја на ЕУ користејќи ја солидарноста и силата на ЕУ.
Значи, ни се заканува цела ЕУ.
Додека Бугарија ни удира боксови секој ден, другите европски земји праќаат политичари и дипломати да ни постилаат пердуви наоколу за ударот да не нè боли многу кога ќе треснеме на земја.
Последен во низата беше германскиот пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин, кој во интерву за „360 степени“ изјави дека веќе не треба да се губи време и „ако нема уставни измени летово вашата иднина ќе биде нејасна“.
…
Што ќе се случи? Војна ќе имаме? – прашува Михајловски.
Сами ќе се тепаме или некој ќе нè нападне? Русија ќе стави ракети на наша територија? Бугарска чизма ќе дојде трет пат да нè гази?
Кога германската канцеларка Ангела Меркел дојде на Денот на независноста на 8 Септември 2018, да нè убедува да гласаме на референдумот за промена на името, премиерот Зоран Заев рече:
„Посетата на Меркел е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Ќе возвратиме со успешен референдум кој ќе ја осигура европската и евроатлантската иднина на Македонија“.
Е па, не било гаранција. Станавме членка на НАТО, ама европската иднина уште ни е нејасна.
Без изгледи наскоро да стане појасна...“ вели Михајловски.






