Премиерот Димитар Ковачевски во гостување на ТВ Сител да изјави дека од обврските што земјава ги има кон ЕУ не смее да се прави дневна политика.



„Така е. Не треба да се политизира“ – пишува во редовната колумна на порталот Сакам да Кажам, новинарот Горан Михајловски и продолжува:

„Треба бизнис да се прави.

На пример, не треба да се политизира тоа дека на фирма што произведувала гаќи, власта ѝ дава лиценца за надзор на патишта во време кога тендерот е веќе распишан, за што од буџетот ќе добие над 8 милиони евра. Оти, таа зделка со нашите пари не е резултат на политичка одлука.

Нема што ние да се бавиме со дневна политика кога жена му на премиерот и едно чудо роднини на други функционери од власта одлучуваат да основаат фирми за струја, а Владата носи одлуки за субвенционирање на струјата.

Тоа нема никаква врска со политика. Тоа е чиста бизнис одлука. Секој смее да отвори фирма“, пиишува Михајловски.

ЛИНК до целата колумна на Михајловски