Турската влада со повеќе автобуси ги повлече мигрантите од грчката граница на кои претходно им дозволи да ја напуштат земјата и тргнат кон Запад.



Турција ги врати во државните сместувачки капацитети и ги стави во карантин поради опасноста декамеѓу нмив можеби има заразени со коронавирус, известува Анадолија.

И грчкиот премиер Киријакос Мицотакис потврди дека емигрантите што од почетокот на март беа на копнената граница меѓу Грција и Турција си заминале.

„Се чини дека е демонтиран логорот поставен на 1 март и оние кои беа во пограничното подрачје на реката Марица си заминале“, кажа Мицотакис.

Евакуацијата била спроведена на барање на емигрантите, наведува турската агенција ДХА која истакнува дека турските власти потоа го размонтирале логорот Пазаркуле.

Грчката државна телевизија ЕРД јави дека турската полиција во текот на ноќта го запалила празниот логор по евакуацијата на емигрантите. На снимката објавена вчера од грчката влада се гледа оган вдолж границата.

Околу 2.000 мигранти беа стационирани на грчката граница и не се знае дали некој од нив е заразен со коронавирус.