„Ги повикувам сите овие луѓе да се вратат во прифатните центри“, повика денеска грчкиот министер за миграција Димитрис Вицас за грчката телевизија ЕРТ.
„Лага е дека границата ќе се отвори“, додаде тој. „Во меѓународните договори постојат обврски, но постојат и санкции“, пренесе Ројтерс.
Полицијата паркирала автобуси преку патот во областа за да им се блокира пристапот на мигрантите.
Стотина мигранти денеска се судрија со грчката полиција, откако го напуштија кампот во Солун и се упатија кон границата со Македонија. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги спречи во нивниот обид. Грчките медиуми пренесуваат дека меѓу мигрантите се и мајки со деца, кои бараат да ја преминат границата за да продолжат кон Германија.





