Стотици имигранти се собраа денеска пред мигрантски камп во близина на Солун со намера да тргнат преку границите на балканските земји со цел да стигнат до богатите европски држави каде би добиле азил.



Тие се одзвале на анонимен повик на социјални мрежи да се упатат кон грчко-македонската граница.

Околу 200 мигранти се судрија со полицијата кога се обиделе да го пробијат кордонот, јавува АП. Тие фрлале камења кон полицијата, која одговорија со солзавец и шок гранати.

Грчката полиција соопшти дека повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи ги и семејствата со мали деца, се собрале пред кампот кој е на десетина километри од Солун.

УНХЦР ги предупреди мигрантите да не одговараат на повиците од социјалните мрежи, наведувајќи дека илегалните гранични премини се :„ризични и опасни“.