466 баратели на азил од грчките острови Лезбос и Хиос, ќе бидат преселени во прифатен центар за бегалци и мигранти во близина на Солун, jави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 453 мигранти и бегалци се од прифатниот центар Мориа на Лезбос, а 13 од островот Хиос и станува збор за т.н. ранливи категории на луѓе.
Во кампот Вајохори во грчката област централна Македонија ќе бидат пренесени со 17 автобуси.





