Мишел: Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи онлајн

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика земјите од Западен Балкан да го почитуваат владеењето на правото и да ги засилат реформите, а Европската унија да обезбеди политичка и економска поддршка на регионот.



Тој најави дека самитот ЕУ-Западен Балкан најверојатно ќе се одржи преку Интернет , пренесува Танјуг.

На прашањето на печатот за рестриктивната и демократска природа на мерките преземени од властите за Западен Балкан за борба против Ковид-19, со посебен акцент на карантите, апсењета и одложувањето на изборите, Претседателот на Европскиот совет вели дека е во близок контакт со регионот и е свесен за со ситуацијата.

„Ги повикуваме да го почитуваат владеењето на правото, основните принципи на слободата и демократијата. Ова е во срцето на нашите преговори со овие земји“, рече Мишел.

За изборите рече дека постоела широка поддршка за одложување на изборите и дека поради коронавирусот, на пример, беа одложени локалните избори и во Франција.

Претседателот на Европскиот совет потенцира дека кога станува збор за коронавирусот, ЕУ сака да обезбеди поддршка за Западен Балкан и да промовира економски развој во регионот.

„Ова мора да оди’ рака под рака ’со реформите, кои мора да бидат забрзани. Конфликтите во регионот исто така треба да се намалат“, вели Мишел.

Мишел објави дека самитот ЕУ-Западен Балкан, закажан за почетокот на мај во Загреб, најверојатно ќе се одржи он лајн во наредните недели.

„Целта е да се обезбеди политичка поддршка, економска соработка и заедничка борба против коронавирусот“, заклучи Мишел.