Мицкоски: Не’ чека тешка зима без обезбедени мазут, гас, јаглен…

За еден месец од денеска започнува учебната година, а за два ипол месеци од денеска почнува грејната сезона. Немаат обезбедено мазут, немаат обезбедено гас, се редат договорите во четири очи за ископ во РЕК Битола, но не за вистински ископ туку за трупање во џебови на приватни лица и партиски каси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи а на новинарско прашање каква есен и зима ја очекува Македонија.



„И ако така продолжат, а не очекувам развој на настаните затоа што се знае кога треба се да е обезбедено, односно треба да е обезбедено во мај, а не сега да се обезбедува во 5 до 12. Очекувам да имаме исклучително сложена зима со многу скапи енергенси, со многу голем удар по џебот на народот и не ги исклучувам рестрикциите кои што мислам дека ако вака продолжат да се однесуваат ќе бидат неминовност“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И треба да сме сите свесни ако оваа Влада остане, час поскоро ни се подготвува тотален колапс на државата“, рече Мицкоски.