Лидерот
на грчката опозициска “Нова Демократија најави дека
доколку неговата партија дојде на власт тојќе се
бори за “ублажување“ на последиците
од Преспанскиот договор.
Според Кирјакос Мицотакис, договорот
со Северна Македонија е „екстремно
проблематичен за Грција“ затоа
што “меѓу другото тој го признава македонски јазик и македонска националност“.
Со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион, изјави Мицотакис во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“.





