Мицотакис положи заклетва за премиер

Пред претседателот на државата, во присуство на потесниот круг од семејството и пред високи претставници на грчката православна Црква, лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денеска положи свечена заклетва за премиер на Грција откако неговата Нова Доемкраија убедливо (158 пратенички места во 300 .члениот парлемент) победи на предвремените избори во Грција.



Во претседателската палата, на свечената заклетва, присуствуваа сопругата на Мицотакис и нивните три деца, сестрите на новиот грчки премиер меѓу кои и поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани.