Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, упати јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина.
„ Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација“, одговори Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на с. Македонија за време на дискусијата на „Атинскиот демократски форум“.
Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа.






