Лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис, говорејќи на конференцијата “Извозен самит VI” на СЕВЕ појасни дека без разлика дали со 151 пратеник или со 180 ќе се ратификува договорот со Македонија тој и неговата партија ќе гласаат против.
Овој договор веќе ги буди национализмите во соседната земја, рече Мицотакис, кој ја обвини владата за губење на предноста што земјата ја стекна во Букурешт.
Мицотакис на вчерашната средба со Германскиот амбасадор во Атина кој му упати покана за посета на Берлин на 27 јуни, потенцираше дека договорот е штетен за Грција и дека опозицијата нема да учествува во неговата ратификација.
Неа Демократиа нема да дозволи патриотизмот да се преведе во екстремен национализам, е ставот на партијата.





