На вчерашната средба со премиерот Зоран Заев во Солун, грлкиот премиер Константинос Мицотакис рече дека „чистите сметки, прават добри пријатели“ говорејќи за евроатламнтските перспективи на Македомнија и на Албанија.



Тој потенцираше дека патот на двете земји кон Европа „вклучува важни промени што мора да се направат“, паралелно изразувајќи увереност дека овие промени ќе се направат.

„Во однос на кандидатурата на Северна Македонија, драг Зоран, повторно ќе бидам јасен, воедно имавме можност тоа да го кажеме и на нашата средба. Имаме должност да ги ублажиме многуте негативни последици од договорот што е веќе потпишан. Треба тоа да го сториме со реализам и зрелост.

За нас, приоритет е заштитата на името и угледот на нашата Македонија и нејзините производи – рече грчкиот премиер.

Toj се осврна на трговската ознака што вчера беше промовирана – буквата М и зборот GReat што како што рече, „упатува на голема, но и на Greece“, додавајќи дека тоа е „меѓународен знак што го означува потеклото на сите добра од грчката Македонија, големата Македонија на Александар Велики“, пренесе дописничката на МИА.