Шефот за опозициска Неа демократија, Киријакос Мицотакис, го обвини министерот за одбрана, Панос Каменос, дека „додава масло на огнот“ во тензиите меѓу Грција и Турција.



Откако Каменос изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  е „целосно луд“,  Мицотакис го обвини министерот дека дава коментари кои „не само што се некомпетентни, туку исто така и опасни“”.

Каменос ја даде таквата изјава вќера во врска со уапсените грчки војници кои случајно ја преминаа границата во североисточна Грција на почетокот од март.

„Тој нема контрола за она што го кажува“ рече Мицотакис додавајќи дека министерот за одбрана треба „да зборува помалку и да се занимава повеќе со својата работа“.

Каменос, лидер на „Независни Грци“ и коалиционен партнер во владата на Ципрас, е гласен противник во решението на спорот за името да биде вклучен терминот „Македонија“ .