Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш порача дека најголемата опозициска партија во Грција ќе поддржи само сеопфатен и конечен договор за името на северниот сосед.
На брифинг за странските новинари во пресрет на средбата на Еврогрупата на 27 април, на која Атина ќе ги претстави своите предлози за постспасувачките реформи во замена за олеснување на долгот, Мицотакис се осврна и на проблемот што Грција го има со Македонија.
Критикувајќи ја надворешната политика на Владата, тој ја обвини владеачката коалиција за двогласие во врска со прашањето за разговорите за името, нагласувајќи дека неговата партија че поддржи само „сеопфатен и конечен договор“, објаснувајќи дека тој мора да се однесува на Уставот на соседната земја и да ги искорени сите иредентистички тврдења.





