Лидерот на опозициската Неа демократија вели дека е нужна промена на македонскиот устав што ќе гарантира и надворешна и внатрешна употреба на името, а „Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку“
Киријакос Мицотакис, како што пренесе МИА од Атина вели дека „со уставна промена може да се обезбеди ерга омнес, со официјална промена на името на Скопје и за внатрешна и за надворешна употреба. Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, според она за што ќе постои договор“.
Тој, уште додал дека за ерга омнес, внатрешна и надворешна употреба на името, „предуслов е храбра уставна промена од страна на Скопје. Не само за да имаме правни гаранции, туку на овој начин би било комплетно јасно дека постои силно мнозинство во соседната земја за, која признава дека оваа позиција е правилна“.




