Мицотакис бара да се тркалаат глави

Војната на зборови меѓу владата и опозициските конзервативци продолжи во вторникот, а лидерот на Неа демократија, Киријакос Мицотакис, го прозваа премиерот Алексис Ципрас бидејќи никој не поднесе оставка поради смртоносните пожари минатата недела.



„Кога некој ќе преземе политичка одговорност, тоа треба да биде придружено со дела, а оставката е чин на лична одговорност“, рече Мицотакис на прес-конференцијата синоќа и го потсети премиерот Ципрас на изјавата од петокот дека презема „целосна политичка одговорност“ за начинот на кој државата се справи со пожарите.

Мицотакис смета дека регионалниот гувернер на Атика, Рена Дуру, генералниот секретар за цивилна заштита, Јанис Капакис и шефот на Хеленската служба за пожари, генерал-полковник Сотирис Терзудис,  „не треба да бидат на своите позиции“.

Мицотакис најави дека ќе стори с’е што може да ги добие сите одговори и дека ќе има одговорност.

„Се соочуваме со невидена трагедија“, рече тој и изрази уверување дека судските власти ќе ја забрзаат истрагата.