Мицотакис бара Ципрас да распише избори!

Лидерот на најголемата опозициска партија, денеса на „Твитер“ побара премиерот Алексис Ципрас да распише предвремени избори, откако лидерот на Независни Грци, помалиот коалиционен партнер во владата, побара референдум за договорот за името или – избори.



„Вчера реков дека Ципрас е премиер на заминување. Патетичниот настап на Каменос (со кој заедно владеат), апсолутно го потврди тоа“, напиша Киријакос Мицотакос

„С’е што му останува на господинот Ципрас сега е да го потврди датумот за избори“.