Новинарот Ивор Мицковски реагира на вчерашната посета на МВР Оливер Спасовски на ГП „Меџитлија“, каде што на патниците кои чекаа излез од земјава во своите автомобили – им делеше шишиња со вода.
Спасовски одеше од автомобил на автомобил, а зад него го следеше човек кој држеше пакет со шишиња и му подаваше…
„Не ми е срам за Спасовски што на 40 степени во одело дели водички на граница.
Жал ми е за човечето позади што мора да го следи и да му додава, за фотографот што мора да го слика, за камерманот што мора да снима.
На сите с*ања и криминали во државава, на сите нерешливи и наталожени проблеми, треба човек да ја гледа и оваа лигава и петпарачка самопромоција“, објави Мицковски на социјалните мрежи.







