Благодатниот оган пристигна и минатата година од црковни лица, потсетува во објава на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.
„Мене ме занима колку кошта оваа државно/духовна/религиозна мисија, и зошто се прави толкава помпа и се измислува втор “прв пат”?
И што има министри да се занимаваат со оваа работа кога во сопствените сектори не можат да доведат ред, кога нема ред во земјата и кога државата треба да е секуларна?! – пишува Мицковски.






