Новинарот Ивор Мицковски ја поздравува како позитивен пример денешната оставка на грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис кој понесе политичка одговорност по тешката железничка несреќа во која загинаа 36 лица…



„Само да се потсетиме дека никој не поднесе оставка за Ласкарци или Беса транс, напротив им помогаат на газдите да се спасат, за изгорените во модуларната во Тетово, за бегството на Груевски, за пасошите на криминалците, уствари никој никогаш не поднел оставка или не презел одговорност за ништо.

Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи“, пишува Мицковски на Фејсбук.