Судот носи пресуди во интерес на олигарсите блиски до власта и Судот влегува во отворена војна со медиуми затоа што таа дозвола и нарачка ја има од власта, реагира новинарот Ивор Мицковски по пресудата за ИРЛ која од судијка е прогласена за „здружение на граѓани“ без право да пренесува информации и да практикува истражувачко новинарство.
„Па видете вие наводно проевроспка власт која продолжи да создава паралелни медиуми, со луѓе вработени и во институции и во владини медиуми, власт која преку функционери и советници диригира владино платени медиуми и конечно, власт која не ги есапи слободните медиуми, туку си создаде своја редакција, фотографи, камермани, и си прави свои продукции и односи со јавноста. Комплетно бајпасирајќи ги реалните и слободни медиуми.
Конечно, што очекуваме ние од власт и премиер кој смета дека не им требаат медиуми и дека доволно им е да платат спонзориран пост на социјални мрежи, вели Мицковски.
„Нивните сфаќања за слободата и транспаретноста, за правната држава и важноста на медиумите се далеку позаостанати и од оние на режимот.Затоа и кога продаваат скапо платена пропаганда ефектите им се ужасни. Заради сфаќањата и заради луѓето со кои се опколени и фатени во дил“, објави Мицковски на Фејсбук.






