Новинарот Ивор Мицковски го коментира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој уверува дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид не е запрена и дека истиот ќе биде завршен, а експертскиот извештај кој треба да биде готов неделава ќе ги покажел идните чекори за реализација на изградбата.
„Два премиера подоцна, два министри за Транспорт и врски подоцна, една пандемија и две војни подоцна, на само неколку месеци од крај на втор мандат, и после спичкани 600 милиони €, они чекаат извештај за автопатот Кичево – Охрид.
Шампиони во неспособност и за горење милиони“, пишува Мицсковски на Фејсбук.
Да потсетиме,  Договорот беше потпишан во ноември 2013, а изградбата започна во февруари 2014. Неговата изградба тогаш вредеше 374 милиони евра, а денеска е 598 милиони евра. Требашѓе да биде завршен во 2017 година.