Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на новата министерка за обрана Славјанка Петровска околу ситуацијата во Украина и подготвеноста на Македонија да земе учество во евентуалниот конфликт.
во која констатира дека „распоредувањето на вооружени сили од страна на Русија е провокативно и дестабилизирачко дејствување што ја намалува безбедноста на европскиот континент“.
„Европа засега не ги следи САД во чекорите кои водат кон ескалација со Русија. Ниту ги повлекуваат своите амбасади, ниту се откажуваат од дијалог со Москва, најмалку од се провоцираат и даваат сензационалистички изјави.
Само Славјанка се истопори со нашата грандиозна воена моќ и најави реперкусии во случај на конфликт.
Знаеме дека сме членка на НАТО и знаеме колку нашите политичари се понизни и зависни од Калето, ама малку дипломатска воздржаност и приоритет кон европските позиции не е на одмет.
Конечно, аспирираме да влеземе во ЕУ, не во САД“, објави на Фејсбук Мицковски.







