Мицковски: Пендаровски е „во филм од 2014-та“

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи на изјавата на кандидат т Стево Пендаровски дека сигурно ќе влезе во вториот круг од претседателските заедно со противкандидатката Гордана Силјановска, но дека во првиот круг Блерим Река ќе му ги земел неговите гласови.



Во интервју за Ал Џезира за шансите на Блерим Река Пендаровски рече: „Реалните проценки покажуваат дека тој не може да помине во вториот круг, но грубо кажано, тој во првиот круг ќе ги земе „моите “ гласови“.  

„Река ќе ги земе своите и на ДУИ гласовите – напиша на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски – Е дали после ќе ти ги даде е друго прашање.Твоите ќе ги земе во мал дел Силјановска, а во најголем дел ќе си останат „твои“.
Човеков е во филм од 2014-та, некој комплекс има на изгубена победа“, пишува Мицковски.