Новинарот Ивор Мицковски реагира на измените во Кривичниот законик со кои се избриша кривичното дело за злоупотреби на државни пари во тендери и се намалија затворските казни за злосторничко здружување на максимум три години.
„Освен што со висината на казната за кривичните дела се намалува и должината на нивното застарување, од висината на предвидената казна зависи и примената на посебните истражни мерки (ПИМ).
Сега и според истражување на ИРЛ излага дека функционерите нема да одат во притвор ако влијаат врз сведоци или го повторат делото, туку само ако се докаже дека постои можност да избегаат.
Епа другари-џедаи, му е*авте мајка на Дарт Вејдер, му ја земавте работата и отидовте на темната страна“, пишува Мицковски во објава на Фејсбук.






