Мицковски: Османи ни кажа по чија заслуга го добивме „преспанскиот“

„Какви небулози збореше Бујар, какви приказни за мали деца раскажува, стигна дотаму да каже дека Преспанскиот договор е дело и заслуга на ДУИ“, реагира новинарот Ивор Мицкосвки на изјава на шефот на македонската дипломатија кој не беше шеф на македонската дипломатија во време кога шеф на македонската дипломатија и потписник на „договорот“ беше Никола Димитров.



„Да не зборам за заверите, за недемократскиот став дека додека се ДУИ и Ахмети, друга албанска партија не смее да дојде на власт.

Се лажело и порано, се збореле глупости, се правеле министри недоквакани, ама Бујарчо ги победи сите демагози во овие 30 години“, вели во објава на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.