Новинариот Ивор Мицковски реагира на вчерашниот скандалозниот упад во просториите на Македонска навигација од страна на, како што се дознава, членови но и високопозиционирани личности од ДУИ, со намера да се пресметаат со вработени-Албанци и тоа во време додека ги извршувале професионалните обврски.
Имало и физичка пресметка, боксови…
„Показната вежба на ДУИ е опасна, авторитарна, режимска во својата форма и суштина.
Оваа заробена држава, никогаш нема да може да изведе демократска трансформација и да ги ослободи освоените и заробени институции, како што не успеа ни во 2015-та и натаму.
Никогаш нема да дозволат да изгубат, а и да изгубат, никогаш нема мирно да ги напуштат заробените институции кои ги освоиле.
Ќе мораме да живееме во оваа вечна хипокризија, каде режимлии ќе залажуваат и симулираат некаков европски пат.
Ова е и поочајно од српската ситуација, затоа што ние имавме шанса да се демократизираме, но таа надеж ја разочаравме“, оценува новинарот.
„Сега тешко е да се роди надеж и направат промени, предлабоко сме во лагата и партиската контрола, криминал и корупција.
Ова немаше да се случи и срамота е што се случува со поддршка на СДСМ и нивните медиумски, универзитетски и институционални квазипрогресивци, кои ова го оправдуваат, оддржуваат и овозможуваат.
Се предадоа и продадоа интелектуално и морално себеси, своите сограѓани и нашето општество и земја“, констатира Мицковски во објава на Фејсбук.