Тоа е успехот на еден синдикат и мала група професионалци, коментира на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски кој ги поздравува почетокот на кадровското прочистување на барање на професионалците загрижени за криминалот, корупцијата и непотизмот во М-НАВ.
„Неколку чесни, разголеа две партии и цела тендерска коалиција.
Разголеа систем кој функционира преку 2 децении и во други коалиции.
Ја разголеа хипокризијата дека СДСМ и ДУИ се за правда, демократија, Европа или Едно општество за сите.
Го разголеа судот и судиите кои одработија за партиите на власт.
Го разголеа СДСМ кој не остана на својот збор и кој капитулираше пред ДУИ.
Го разголија ДУИ како дувло на криминалци и силеџии, спремни на се, само да ги задржат позициите на моќ и профит.
Ја разголеа целата неспособност и неодговорноста на Владата“ пишува Мицковски и додава:
Ги примораа ЕУ да реагираат како за случајот со измените на КЗ.
Агелер за жал изгледа се уште ги анализира наодите со својот правен тим.
Ете ви доказ, како од мали доблести и борби, се раѓаат големи сознанија и притисоци врз криминалната власт.
До вистински промени, особено коренити, уште сме предалеку, ама имаме емпириски доказ дека можеме да создадеме или дека постојат предуслови за истите.
Потоа се друго е прашање на човечкиот материјал и политичката волја.
А за тоа нема правдање и бегање од одговорност“, вели новинарот.



