Сега чекаат кинеска вакцина, која инаку е далеку полоша од Фајзер, па и од руската и е едвај 55% ефикасна, реагира новинарот Ивор Мицковси по најавата од министерот за здравство, дека Македонија ќемабави вакцини од Кина.



„Чекаат пошто спиеја на ковакс увото, пошто се мислат за големи геостратешки играчи кои немаат потреба да бараат алтернативи, особено кога станува збор за вакцини. Дури и се правеле глуви на руските понуди.

Сега и Германија одлучи, односно инсистира Европа да земе руски вакцини.Сакам да кажам, не се нешто особено нашите власти стратешки определени, колку што се неспособни и мрзливи, па сега прават промена од 180 степени.

Сега и вакцина од Виетнам добро би ни дошла. Ама тоа се мислеше малку порано, а не само да чекаш од другите“ пишува Мицковски.