Многу беше тешко да се предвиди дека оставките нема да бидат прифатени. На крај не разбравте и се направивте будали што значи морална одговорност. Тоа значи дека не прифаќате одговорност за набавката на лоши контењери од ваш политички и бизнис партнер кои изгореле за 3 минути со 14 луѓе внатре„, реагира новинарот Ивор Мицковски.



„Тоа нема врска со продолжени кабли или зошто несреќата настанала или што и ќе измислите како оправдание. Има врска со пур пената која гореше како шкорче, а за која Филипче на камера објаснуваше каква била, само три дена пред пожарот.

Ако се фалиш со нешто, тогаш валјда и си одговорен за тоа нешто.

Но, тоа е, толку ви сече, толку сте перфидни и безобразни, што од старт знаевме дека вака ќе биде, и така и бидна.