„Сега ќе види нашиот ‘Европски’ и криминален фронт што значи да бидеш ставен на дното на листата и претркан од Украина“, вели во објава новинарот Ивор Мицкковски по „ладниот туш“ што го доби Македонија на самитот во Брисел каде и покрај силните нббајави од власта не доби ни „П“ од почеток на преговори.
„Направија огромна штета прифаќајки антидржавна преговарачка рамка за која нема консензус и не создадоа никаков дијалог за они да задржат еден фиктивен и фалшлив наратив дека се “Европејци”.
Немаат излез од ситуацијата, додека не можат да се пофалат со никаква реформа, напротив заглибени се во епидемиски криминал и корупција.
Штетата што ја направија, да се откажат од правната држава, од носењето реформи, ред и правда, а во исто време да настојуваат во поделбите и само фасадно да глумат проевропски чинител, ќе ги запише во историјата на исто ниво како и режимот“.
„После добивање на вториот во историја најлош извештај од ЕК, после серијата на црни листи, најавата за нови и опомена од американскиот амбасадор за епидемија на корупција влошена во последната деценија, после јавно критикувани измени на КЗ, отсуство на елементарни реформи и некриминални инвестиции, после сите сугестии за влијание врз судството и отворените европски критики на корупцијата, да се вратиш од Брисел и да прогласиш нов Букурешт, каде виновна ти е само опозиција и проруска коалиција, значи дека месечариш во политиката и не гледаш подалеку од вчера“,, пишува Мицковски




