Мицковски: Која е поентата на пресовите на Филипче

„Одамна не гледам повеќе поента Филипче да држи пресови. Се разбира, он е политички октроиран на таа позиција и среќа што е лекар и тоа одличен.
Но, пресовиве и проблематиката одамна излегоа од здравственото, научното и објективното и забегаа во партиското, политичкото и арбитрарното“, пишува новинарот Ивор Мицковски на Фејсбук.
„И Филипче да беше искрен тоа ќе го признаеше, и верувам дека оваа состојба не може, а да не му тежи како доктор, како министер, па и како политичар кој доживеа најголем рејтинг во историја, а беше срушен од „неговите“.
Така да, сега ставете на прес некој педагог или некој од вашите ПР мајстори, пошто ова е веќе тажно за гледање, вакво правдање, бегање од реалноста и тонење во префрлувања на вината.
Да тргнеш вака добро како што тргнавте, да добиеш пофалби од широката јавност, и потоа вака да ја сје*еш работата, е тоа не го може секој и тоа е пострашно од некој што на почетокот бил неодговорен.
Вие станавте неодговорни кога политички одлучивте дека е се готово“.



https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10158691659836042