„Јас сум просто фрапиран од непознавањето на американскиот Стејт Департмент на состојбите во Македонија и за нивната поддршка на криминално-коруптивните пракси и практичари“’, вели новинарот Ивор Мицковски по пораките од Стејт депарментот Македонија да ги исполни ветувањата за борба против корупцијата.



„Пример – вели Миц ковски – не знаат дека договорот со нивната престижна компанија Бехтел е изведен криминално и коруптивно, без дебата, без тендер, кршејќи Устав и важни закони, фаворизирајќи една партија и етникум, промовирајќи криминален надзор, и директно потикнувајќи корупција и криминал.

Исто ме чуди како не знаат дека амбасадорката е секој ден на промо настани со “лидерите” кои партизираат, корумпираат и се вмешани во сериозни криминали и скандали, докажани и на американско тло.

Затоа ми е нејасна нивната многу гласна критика за коруптивните состојби, како корупцијата да е реторичка фигура за која само ќе збориме, ама ништо нема да правиме.

Па таа функција на млатење празна слама ја обавуваме ние хистериците, валјда светската сила број 1 има нешто повеќе моќ и одговорност нешто конкретно да преземе“, прашува новинарот.