„По паникава со денешниов кинески гостин имам чувство дека работите не стојат баш најдобро. Изгледа направиле огромен, криминален кикс со Кинезите чим вака сега мораме отворено да молиме“, реагира новинарот Ивор Мицковски по денешните апели да државниот врв до кинескиот министер за одбрана Кина што побргу да испрати вакцини, на што Веи Фанге рекол дека – ќе пренесе.
„Сега е многу интересно да се види што ќе правиме после овие 24 илјади вакцини. Ќе има ли континуитет, ќе дојде ли некоја поголема пратка, настрана овие симболични квантитети, прашува Мицковски.
Русите дадоа 6 илјади и таму не се гледа ништо повеќе на хоризонтот.
(…)
Ќе излезе на крај пак да молиме и од регионот за некоја вакцина колку да се замачкаат очи.Ситуацијата е неверојатно драматична, а властите испаднаа драматично неодговорни и неспособни.
Ако пропадне и следна голема пратка во април, мислам дека ситуацијата ќе можеме да ја наречеме тотален дебакл. И сега е џабе ама тогаш особено ќе биде џабе муабетот на апологетчињата и полтрончињата како било низ Европа, они веќе го бранат неодбранливото, така и ќе си продолжат, само ќе нема кој да ги слуша.
Инаку со Фајзер се уште немаме договор, за што Венко уште во декември излажа дека е потпишан.
На ден сме од 1 Април, ах каква иронија“, пишува Мицковски.






