Зарем можеме да им се чудиме на апологетите, конвертитите и платеничките пропагандисти на власта кога излагаат со поддршка за се’ она против кое сме се бореле или пак оправдуваат неоправдливи политики и тоа го прават дрско и безобразно?! – вели новинарот Ивор Мицковски кој алудира на променетиот наратив од „споменатите“ во врска со екс-премиерот и бегалец во Будимпешта, Никола Груевскки.
Не, тоа ти е како да си вработил новинар и си му доверил рубрика “рамна земја” и после да се чудиш што пишува дека Земјата е рамна плоча.
„Па што да им се чудиме дека Грујо им е одеднаш добар, дека измените на КЗ биле одлични, дека криминалите на ДУИ и нивните газди не им пречат, дека Бугарија не прави ништо лошо, дека власта која го препиша и надгради режимот е најубавата на светот.
Овие што се мислат за прогресивци испаднаа најголеми конзерви, реакционери, трамповисти дури по менталитет: они немаат мислење, само политички и партиски тези, на кои реалноста треба да се адаптира и построи, не обратно.
Знаете, сите тие лигавици од луѓе кои во нормални околности одамна ќе беа заборавени, се намерно ставени таму каде што се, за да ја подотворат вратата за фалангите криминалци, ревизионисти, интегративци, петтоколонаши, и да ја нормализираат секоја неправда, секоја злоупотреба, секоја политичка акробација, да го згазат и закопаат нормалното и исправното и да го присвојат нужното, убивајќи ја секоја надеж за нешто подобро.
Само така нивното може да остане најдобро и единствено.
И тоа го прават со вообичаената провладина понизност и послушност.
Навистина, на што да им се чудиме или да им замериме?!
Они си беа и си останаа кохерентни и мизерни“ – вели Мицковски.







